ПРАВИЛА И УСЛОВИ 

  • Превозникот е должен да го изврши превозот на стока во согласност со Законот за договорите во патниот сообраќај и/или ЦМР конвенција, ако поинаку не е наведено во налогот за превоз.
  • Внимателен утовар , истовар и манипулација со стоката како и нејзино соодветно превезување.
  • Вашите возила треба да одговараат за превоз на стоки во локален и меѓународниот превоз.
  • Задолжителна употреба на возило што се заклучува..
  • Запирање на возилото исклучиво на обезбеден паркинг простор .
  • Времето потребно за утовар е 6 часа, а за извозно царинење е 24 часа.
  • Времето за увозно царинење е 48 часа и 12 часа за истовар. Без надокнада.
  • Возачот да ја провери состојбата и содржината на стоката која се утовара или истовара , да ја спореди состојбата на стоката со документите и ако нема можност за корекција од страна на испраќачот или примачот , во случај на несогласување да внесе забелешка во рубрика 18 од ЦМР.
  • Возачот исто така треба да има предвид и да води сметка за сите документи кои треба да ги предаде и раздолжи кај надлежните органи , како во МК така и во странство , исто така треба да води сметка за издадените документи од странските испраќачи и надлежни институции (фактури, цмр, и ЕУР 1)
  • Возилото мора да има валидно ЦМР осигурување.
  • Пред утовар да ни се испрати валидното ЦМР осигурање во електронска форма.
  • Ангажирање на друг превозник не е дозволено ако тоа не е во договор со ЛДИ ГРОУП.МК ДООЕЛ СКОПЕ- СКОПЈЕ, а непридржувањето  води кон губење на правото на наплата на договорениот износ за превоз.
  • Заштита на името на нашите деловни партнери мора да биде загарантирана.
  • Доцнење на утовар или истовар, сообраќајни незгоди-дефекти да ни се пријават во најкраток можен рок во писмена форма.
  • Со добивањето на овој налог за превоз ги прифаќате безусловно нашите “Правила и Услови”
  • Плаќањето се заснова на примање на оригинаите од заверен ЦМР и Ваша фактура во рок од 21 дена од денот на испораката на стоката. Приемот на споменатите документи по наведениот рок моѓе да резултира со продолжен период на плаќање до 90 дена.
  • Доколку товарот не се преземе од причини што не се над контролата на пружателот на услугата, сите побарувања можат да се земат предвид само во случај на презентирање на документи со печат и потпис на компанијата од местото на договорениот утовар што го потврдува празниот од на возилото до местото на за утовар. Максималната прифатлива цена за празен од на е 50 евра.
  • Во рок од еден час по извршената испорака задолжително да ни се достави во електронска форма копија од заверен ЦМР и исто така да ни се достават во што побрз рок оригинал заверен ЦМР и ваша фактура.
  • Плаќање на превоз нема да има доколку не се достават оригинал заверен ЦМР и фактура.
  • Превозникот да се придржува и да ги почитува правилата за безбедност во сообраќајот.
  • Возачот е одговорен за осовински претовар и за правилен распоред на теретот на возилото.
  • Возачот мора строго да води сметка за документцијата односно секој ЕX/Т1, Т5, ТC11 мора да биде завереннна излез од државата каде што е издаден и истиот треба да се достави во оригинал во ЛДИ ГРОУП.МК ДООЕЛ Скопје, тоа е услов за наплата на превозот.
  • Превозникот е обврзан да се придржува кон договрените рокови за : утовар, транзит, истовар и испорака на стоката. Непридржувањето , повлекува казнени пенали од најмалку 10% од договорената сума за секој превоз за секој ден на доцнење .
  • Налогот се користи само во нашата  интерна комуникација и не е дозволено негово копирање или давање на користење на други компании
  • Директен контакт со нашиот деловен партнер не е дозволен. Во случај да остварите  директен контакт со клиентите на ЛДИ ГРОУП.МК ДООЕЛ Скопје – а без наше знаење и дозвола,  го задржуваме правото да го откажеме превозот, без надомест на трошоците и да покренеме соодветна постапка за разрешување на спорот.
  • Сите промени во условите за транспорт мора да бидат направени во писмена форма.
  • Во случај на спор двете страни може да го решат спорот спогодбено, во спротивно надлежен суд е Основен суд – Скопје.
ro_RORomână
en_USEnglish fr_FRFrançais bg_BGБългарски hu_HUMagyar ru_RUРусский pl_PLPolski ro_RORomână